Техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето во телевизија Алсат истакна дека соседна Србија добила заем со многу попоoвлни услови од Република Македонија. Говорејќи за еврообврзницата таа посочи на каматната стапка, односно цената на обврзницата за Македонија изнесува 3.165 додека за Србија истата изнесува 3.675 проценти.
-Во однос на каматната стапка видете сега, тоа е ситуација која што се случувало во теконвиот ден. Прво министерката најдобро ќе беше да излезе и да објасни зошто тргнале од 4,35 ако на секундарен пазар нашата хартија од вредност, односно обрврзниците претходни се тргувале по пониска цена. Но тоа се случувало во моментот и треба да го објасни министерката бидејќи кажав дека не сум била дел од целата ситуација. Но сепак останува фактот дека една Србија издаде обврзница на многу поголем износ и со рочност од 7 години со 3.165 каматна стапка, а ние зборувам сега на чистата камата 3.3 беше ако не се лажам целиот трошок, а кај нас купонот е 3.675. Зошто ние имаме поскапа камата да кажам од една Србија, вели Димитриеска Кочоска.
Кочоска потенцираше дека каматната стапка ја претставува всушност довербата на инвеститорите кон една земја. Доколку Македонија денес добива повисока каматната стапка од пред две години тоа значи дека се намалила довербата на инвеститорите кон Македонија.
-Да не заборавиме дека каматната стапка всушност е довербата на инвеститорите во нашата земја. Колку е таа повисока толку довербата на инвеститорите е помала. И сега ако во 2018-та во време на Тевдовски имавме најниска камата, а сега повисока и полоша од Србија треба да одговори господинот Битиќи. Од каде толкава недоверба на инвеститорите за година ипол или две години од издавањето на претходната еврообврзница, додава Димитриеска Кочоска.