Не може да ме обесхрабри оваа кривична пријава, јас сум должен да се грижам за здравјето на граѓаните, времето ќе покаже дека таа пријава ќе биде отфрлена затоа што во случаот нема елементи на кривична одговорност, направив повеќе од шест тестови и сите беа негативни на коронавирусот, ќе продолжам да се борам за доброто за моите кумановци, изјави Максим Димитриески, градоначалник на Куманово во разговор на ТВ 24 Вести.
Кумановскиот градоначалник, освен прекршочно, по пропустите кои ги најде Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како што претходно беше објавено ќе се гони и кривично. Димитриевски веста дека против него е понесена кривична пријава ја објави на својот фејсбук профил денеска, а вечерва за тоа зборуваше на ТВ 24.
– Постапив согасно укажуањата во решението, најавив дека ќе одам на тестирање, го известив епидемиологот, побарав ковид возило, ги остварив сите потребни контакти и дури тогаш излегов од дома. Може да напишаат што сакаат во кривичната пријава, но јас верувам во правниот систем и во политиката која е е чесна доколку ја водат чесни луѓе, но поединци ја злоупотребуваат – порача Димитриевски кој изрази жалење за повеќе од 17 изгубени животи во битката со коронавирусот.
Тој истакна дека во континуитет барал од Комисијата за здравство, уште на почетокот кога имало само тројца заразени, да се затвори градот во карантин за да се спречи натамошно ширење на заразата, но дека тоа барање не било прифатено од надлежните , кои според Димитриевски, треба да одговорат зошто Куманово се најде на врвот според заразени од ковид-19, во земјава.
– Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните. Во минатото се борев против режим, а сега гледам дека тоа се злоупотребува од поединци – рече Димитриевски без да прецизира на кого мисли.