Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ.
Димитриев доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд и социјална политика.
Во дописот до Собранието Димитриев побарал изборот на новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика да биде извршено на денешната 101 седница.
Пред изборот на министрите, Собранието треба да ги констатира оставките на Спасовски, Ременски и на дополнителните министри од редовите на СДСМ.
Спасовски и Ташевска Ременски, како и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ поднесоа оставки на 6 април оваа година.