Општина Петровец е уште еден доказа дека кога има добра соработка помеѓу централната власт и локалната, најголем бенефит имаат самите граѓани, посочи премиерот Емил Димитриев кој денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка во општина Петровец.
Димитриев истакна дека досега соработката со општината била одлична,а за тоа сведочат многубројните проекти кои се реализирани во оваа општина со помош на државата.
Покажуваме дека нашата работа и нашата одлична соработка со градоначалникот Борче Митевски продолжува со исто темпо и со иста динамика. Пример за таа посветена работа се голем број на изградени патни правци во Петровец и останатите населени места, спортска сала, тениските терени, училиштето, амбулантата, фудбалските игралишта. Пример за таа успешна соработка се неодамна изградените канализациони мрежи во Петровец и Ржаничино, што туку завршената ново водоводна мрежа во Блок 6 во Ржаничино како и изградба на патот до зоната Чојлија и гробиштата во Петровец што е во тек, рече Димитриев.
Посочи дека со 4 проекти во вредност од 1 милион евра се продолжува инвестицискиот циклус во општина Петровец.
Со таквото темпо и со таквата работа продолжуваме во следниот период кога ќе следуваат нови проекти за вашата општина, за жителите на Петровец , за подобар развој на општината
Димитриев најави дека и во следниот период ќе продолжи поддршката од Владата за подобрување на условите за живот во оваа општина.
Продолжуваме и со континуираните инвестиции во индустриската зона Чојлија во која 17 компании веќе ги градат своите објекти, а за многу кратко време како што сум информиран од градоначалникот уште две компании ќе започнат со градба на своите објекти. Радува фактот што покрај зоната Чојлија, се развива и зоната во Ржаничино каде се градат два објекти, а наскоро почнува изградбата на уште два. Во оваа зона се продадени уште 15 парцели на кои во следните две години ќе се градат објекти. Ова се убави вести за Петровец, за отворање нови работни места и за дополнителен економски развој на општината, нагласи премиерот Димитриев.