Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ја посети касарната Илинден во Скопје, каде положи цвеќе на споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце.
Одговарајќи на новинарско прашање Димитриев посочи дека е убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5. јуни и оти Владата направила се што е во нејзина моќ за да се постигне тоа.
Тој додаде дека Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. – Тука, истакна, првенствено мислам на нашата соработка со Државната изборна комисија (ДИК). ДИК од своја страна сработи се што требаше да биде сработено во делот на прочистување на Избирачкиот список и во делот на носење на Роковникот кој понатака ќе ги определува активностите врзани за изборите.
– Апсолутно сум убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни, потенцира Димитриев.