Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром

Претседателот на Владата Емил Димитриев и заменикот на претседателот на Владата Владимир Пешевски денеска остварија средба со претставници на синдикатот и на менаџерскиот тим на компанијата Југохром која двете страни ја оценија како конструктивна, беа разменети мислења и податоци во врска со актуелната состојба со која се соочува компанијата Југохром.

„Владата цени дека во решавањето на овој предизвик треба да се земаат во предвид интересите на вработените, интересите за почитување на еколошките стандарди и интересите на компанијата. Владата смета дека постои можност, простор и зона на прифатливост за усогласување на овие три интереси, без ниту еден интерес да наштети на другите интереси“, стои во соопштението од Владата.

Деталите и опциите за усогласување на трите интереси квалитетно би можеле да се разработат од страна на политичката Влада.

Sredba-Vlada---pretstavnici

Постоечката Влада во рамките на своите ингеренции ќе продолжи да има полно внимание на оваа тема, и останува отворена за дискусија со сите заинтересирани страни.