Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, во средата во Скопје оствари средба со претседавачот на БиХ, Младен Иваниќ.
Соговорниците, како што соопштуваат од владината прес-служба, ги поздравија билатералните односи кои се карактеризираат со континуиран дијалог на највисоко ниво меѓусебно почитување и пријателство.
На средбата е изразена заложба за унапредување на економската соработка, како и за можноста за воспоставување авионска линија меѓу Скопје и Сараево за што во следниот период ќе продолжат дискусиите на ниво на министерства.