Димитриевски: Да продолжиме да го развиваме Куманово

Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски ги повика кумановци да излезат масовно на 31-октомври и да го поддржат.

Најави продолжување на проекти за развивање на Куманово во модерен, европски град.

„Куманово ќе биде поубаво место за живеење, затоа што кумановци отсекогаш биле пркосни како граѓани. Не верувајте на лажни ветувања, бидете рационални. Излезете масовно на 31-ви октомври и поддржете нè. Јас сум подготвен, секогаш за вас и со вас да ги бранам интересите на кумановци. Да продолжиме заедно да го развиваме наше Куманово во еден модерен европски град. Одиме до крај“, порача независниот кандидат за градоначалник Димитриевски.