Димитриевски: Го почитувам Црвенковски, но немам разговарано со него за новиот политички субјект

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е флексибилен кадар и позитивен пример за работа во Владата.

-Се уште не е дефинирано, доаѓаат голем број идеи и иницијативи. Имаме контакт со голем број на луѓе. Нашата иницијатива „За наше Куманово“ веќе даде резултат. Тоа што ќе се формира ќе биде граѓанско здружение за граѓаните, рече Димитриевски околу формирањето на нов политички субјект.

Околу тоа што мисли за слоганот „на 15-ти септември“ , што го изјави поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Бранко Црвенковски и дали се спрема за нови избори, Димитриевски вели:

-Се сеќавам на тој период, беше голема борба. Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на Тв Сител.

-Уставот не е тефтер што се пишува или препишува секој ден. Сепак треба да постои реципроцитет. Што се однесува до прашањето за референдум, тоа мислам е завршена работа, додаде градоначалникот на Куманово.