Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, денеска најави дека ќе биде вратен сјајот на Соколана, а вратени се назад и сите спортски објекти на кумановчани.
– Ја реконструираме спортската сала, целта е да го ставиме во функција и градскиот стадион. Повторно Куманово да биде олимписки град. Целта е да го развиваме заедно спортот. Жените кумановки оваа година повторно не направија горди, го освоија државниот куп и државното првенство во женскиот ракомет. Целта е да одиме во нови спортски услови, со нови спортски капацитети. За наше Куманово! – порача Димитриевси.