Димитриевски: Менувај пол, но не на државна, а уште помалку на моја сметка!

Бројни реакции по најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега.

Со остра реакција и градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски.

-Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка! – Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо.
Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!, пишува Димитриевски на Фејсбук.