Уште во овој момент ќе кажам дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп кој што им се случува, ниту пак ќе се вклучи во било каков тип на соработка и идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето вечерашно гостување во Дневникот на ТВ Сител.
„Воедно, еве и ексклузивно да кажам во вашата емисија, ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна идна коалиција, постизборна коалиција во која што ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа полтиичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едноставно да расчисти со минатото и сето она што лошо го направи во оваа држава“, рече Димитриевски.
Димитриевски објави дека нема против да учествува во коалиција со албанската опозиција.
„Јас веќе во Куманово функционирам со една коалиција од албанскиот блок, тоа се веќе четирите партии, коалицијата ВРЕДИ. Имам добро искуство“, рече Димитриевски.