Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски тврди дека општината е извадена од финансиска дубиоза и во моментов нема никакви долгови и обврски кон никого.
– Должиме 0 денари, а побаруваме средства и дополнително реализираме сериозни инфраструктурни проекти. Тоа е наша обврска како менаџери на градот. Ова дождливо време малку ни ги поремети плановите, бидејќи веќе почнавме со изградба на инфраструктура во руралните средини и планираме штом ќе даде можност времето да продолжиме. Успеавме да направиме многу и за градот и за општината – рече Димитриевски во „Утрински брифинг“.
Тој истакна дека во октомври при давањето отчет за тригодишното работење изразил амбиции за нов мандат, бидејќи програмата е концепирана на две, четири и осумгодишни проекти.
Димитриевски посочи дека политизацијата во општеството е голем проблем и има огромна поделба помеѓу граѓаните. Тој смета дека таа мора малку да спласне, а ќе добие повеќе кај граѓаните и на сила и на значење.