Димитриевски: Претседателот треба да има сопствен авторитет и интегритет врз база на поддршката од сите граѓани

-Главната суштина на проблемот со институцијата претседател на држава кај нас е тоа што вие мора да имате независен претседател на држава кој не зависи од политичките партии за да знае и да може да каже Не, да изгради сопствен авторитет и интегритет врз база на поддршката која ќе ја добие од сите граѓани и ќе го штити граѓанинот пред законите и пред уставот во делот на неговиот интерес, кога доаѓаат сите тие законски решенија, изјави Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за претседател на државата на претстојните избори, во дебатната емисија „Стадион“ на Канал 77 со кандидатот за Претседател Арбен Таравари од Здружената опозиција.

Тој додаде дека: Дополнително, достоинствено претседателот треба да ја претставува државата вон границите, а министерот за надворешни работи треба да биде неговиот прв соработник кој треба да учи од него, а не да му диктира и диригира. Врховен командант за пример кој кога ќе чекори на црвениот тепих пред своите војници и офицери ќе ги гледа како достоинтвено стојат, опремени, нахранети, во солидни услови и решени животни проблеми, мотивирани и дополнително, значи тој треба да биде единствениот коректор како институција во суштинските реформи на судската власт и правосудството, бидејќи има директни ингеренции и во судскиот совет и во уставниот суд.

Димитриевски додаде дека, нема држава без право, без правен систем.

-Ние правен систем имаме на хартија, но за жал нефункционален, максимално корумпиран и оттука главната корупција и политиките на неказнивост. Сето тоа како иден претседател на Македонија имам намера да го корегирам, рече тој.