![maksim-dimitrievski-01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/maksim-dimitrievski-01.jpg?resize=640%2C383&ssl=1)
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски реагира дека извештајот од инспекцискиот надзор не е точен. Вели дека надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот кој не го воспоставиле. Тврди дека тестирањето на штабот двапати е направено во општинските простории каде штабот заседава. Според Димитриевски, се работи за класично монтиран случај.
Тој во изјава за ТВ Телма вели дека ќе ги почитува мерките, но смета дека се кршат човековите права. Димитриевски уверува дека нема политичка борба, туку различни согледување на состојбата меѓу општинскиот и главниот штаб раководен од министерот Филипче.