Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во летното издание „Клик 21“ на ТВ21 посочи дека СДСМ повеќе не била партија туку приватна фирма.
Тој додаде дека се уште се чувствува социјалдемократ, но за жал не е во таа партија поради тоа што донеле едногласна одлука и го исклучиле од партијата.
„Не заврши постапката но тие си донесоа одлука бидејќи тоа не е партија, тоа е приватна фирма. Функционира како акционерско друштво, ги држат позициите“, вели Димитриевски.