Димитриевски: Со поддршката на навивачите ќе биде полесно да ја совладаме Грузија

Репрезентативниот чувар на голот Столе Димитриевски веќе извесно време е еден од најдобрите поединци во македонскиот национален тим а во пресрет на дуелот со Грузија во рамките на новиот циклус од натпреварувањето во Лигата на нациите не УЕФА посака полни трибини во Скопје и победа.

„Секогаш сум многу среќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и посакувам утре стадионот да биде полн и да добиеме голема поддршка од навивачите. Со навивачите позади нас, ќе биде многу полесно да ја победиме Грузија. Исто така, посакувам и очекувам да ја сочувам својата мрежа. Со таа мисла влегувам на секој меч и ако успееме да сочуваме чиста мрежа, мислам дека ќе го добиеме натпреварот. Грузија создава многу шанси, но и ние можеме да им наштетите“, рече Димитриевски.