Димитриоска-Кочоска: Академик Фити призна дека со оваа Влада земјата дојде до плафонот на јавниот долг

Академикот Таки Фити, кој е и поранешен министер за финансии во владите на СДСМ,  со вчерашната пресконференција и став призна дека со актуелната Влада исто така предводена од социјалдеморкатите, земјата дојде до плафонот на јавниот долг и дека е потребна итна фискална консолидација, меѓутоа фискална консолидација која треба да почне од расходна страна, оценува во петокот поранешниот заменик-министер за финанси Гордана Димитриоска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ,

„Да запре расипничкото трошење на државни пари, вработување во јавна администрација, да престанат трансфери кон невладини организации, расфрлање по тендери на блиски луѓе на Зоран Заев, коруптивни зделки на оваа влада кои не оставаат простор за капитални инвестиции. Ние за ова укажувавме уште пред па и за време на корона кризата а ова го призна и академик Таки Фити“, пишува Димитриоска Кочоска во својата реакција на Facebook.

Вели и дека од приходна страна наместо да се размислува за зголемување на даночните стапки и зголемување на данокот на додадена вреднсот (ДДВ),. што според неа дополнително ќе ја подгрее инфлацијата, наместо прогресивен данок кој заврши со капитулација, потребно е да се започне со борба со сивата економија којашто изнесува речиси третина од севкупната кономија и да се започне со интегрирање на неформалната вработеност кој е 16 отсто од вкупно вработените.

„Па оттука јавно прашувам дали ставот на академик Таки Фити за зголемување на даноците е и став на МАНУ? Дали МАНУ е на став дека треба да се удри по народот, наместопо расипничката влада?

Наместо да се држи конференции и постојано да се дебатира треба да се отпочне со имплементирање на Стратегијата за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018/2022 година којашто стои во фиоки четири години за време на владеењето на оваа власт“, вели Димитриоска Кочоск и прашува „Каде се резултатите од стратегијата ги имате ли некаде имплементирано?“.