9.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Димитров: 40.000 работни места се под ризик

Анкета која ја направила Организацијата на работодавачи, на нејзините членки покажала дека дури 40 илјади работни места се под ризик од коронакризата, односно постои ризик од отпуштање на тие работници.

Ова го соопшти првиот човек на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, каде што појасни дека дури 43 отсто од испитаните компании одговориле дека имаат намалавање на приходите од работењето од половина или повеќе.

„Анализата покажа дека речиси 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик поради оваа криза, што значи од отпуштање на работниците. Дури 43 отсто од компаниите имаат половина или повеќе од половина намалени приходи од работење, и исто, за нас најважно, бидејќи анкетата ја правевме пред месец дена кога сите се надевавме дека до мај ќе заврши проблемот и ќе се намали бројот на заразените, а еве во јуни имаме нови заразени“, рече Димитров.

Појасни дека доколку кризата продолжи и наредниот квартал, дали вашата компанија ќе успее да остане здрава и да продолжи со работна дејност, дури 70 посто од анкетираните кажале дека не можат да издржат уште четири месеци, значи јули, август и септември ако потрае кризата.

Димитров смета дека за да можат компаниите да се срават со негативните ефекти предизвикани од пандемијата со корона вирусот, државата треба да ги продолжи економските мерки и во наредниот период, барем за месец јуни и јули, со цел да се спасат што е можно повеќе работни места.