Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во полуфиналето на третиот Грен слем турнир Вимблдон, откако во четврт финалето го елиминира бранителот на титулата Британецот Енди Мареј со 6:1, 7:6, 6:2.
Димитров во полуфиналето ќе ги одмери силите со Србинот, Новак Ѓоковиќ, кој во четвртфиналето во пет сета го елиминира Хрватот Марин Чилиќ со 6:1, 3:6, 6:7, 6:2, 6:2.
Кај дамите во полуфиналето ќе играат Канаѓанката, Ежени Бушари Романката, Симона Халеп. Бушар беше подобра од Анџелика Керберг со 6:3, 6:4, додека Халеп ја совлада Сабине Лисицки со 6:4, 6:0