Димитров му предлага на Спасовски да ја разреши Мизрахи поради вербална нота од Грција

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција денеска изјави дека од Грција е пристигната вербална нота поради прекршување на Договорот од Преспа. Во неа е наведено дека е забележано грубо прекршување на преспанскиот договор со менувањето на таблата во министерството за труд и социјална политика од страна на техничкиот министер Рашела Мизрахи.
„Мизрахи го прекрши Уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани Уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров.

Димитров изјави дека му предлага јавно на техничкиот премиер Оливер Спасовски да побара нејзино разрешување додека се уште не е распуштено Собранието, поради тоа што нејзиното однесување може да предизвика дополнителни прекршувања на Уставот.

„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.

„Сакам да информирам јавноста фека за овој настан МНР ги информираше меѓународните партнери на Северна Македонија. Истовремено добивме и официјална реакција од соседна Грција во форма на вербална нота од 7 февруари. Ќе прочитам два пасуса од оваа нота: Оваа преставува грубо прекршување на член 13А и член 17 од договорот на Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на овој договор на министерот за труд и социјална политкка и министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Амбасадата го посочува на внимание на министерството фактот дека договорот на Преспа кој што преставува штозер на односите меѓу Грција и Северна Македонија и кој што го овозможува влезот на Северна Македонија во НАТО и нејзината силна кандидатура за отворање на преговорите за пристапување кон Европска Унија со полна и активна оодршка од Грција, мора да биде доследно и постојано почитувано”, изјави Димитров.