Димитров во работна посета на Франција

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе престојува во својата прва во ова својство работна посета на Француската Република.

Покрај средбата со својот француски колега по должност, Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи, Димитров ќе оствари средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател Емануел Макрон, како и со шретседателите на Групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на Франција.

Во рамките на посетата, министерот Димитров ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“, на реномираниот Институт за меѓународни односи ИФРИ.