![димитров берлин](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/dimitrov-berlin.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Германија смета дека договорот меѓу Грција и Македонија е решение постигнато со заедничко разбирање кое ќе донесе промена кај граѓаните.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко мас, на прес конференцијата со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Берлин рече дека граѓаните го заслужуваат тоа и вети поддршка на тој процес.
Во тој контекст тој рече дека одлуките за ЕУ и НАТО ќе бидат многу важен сигнал и истакна дека она што Македонија го постигнала во однос на исполнување на критериумите и процесот на реформи, навистина импресионира и дека заслужува признание од цела ЕУ.
Димитров рече, дека мотивите во целиот овој процес на преговори, освен пријателство со Грција биле и членството во ЕУ и НАТО, при што според него, политичката одлука во јуни од Европскиот совет и поканата за членство во НАТО ќе значат дека компромисот што е постигнаат ќе биде видлив за двете страни.
Македонија живее историски денови, недели и месеци, на добар пат сме да затвориме еден спор кој беше како камен и ни го отежнуваше прогресот и не заклучи во чекалната каде многу години поминавме, од 2005 година како кандидат за членство, а годинава ја добивме деветтата препорака. Ова чекање создаде кризи, но научивме лекции. Сакаме да немаме спорови со соседите, да имаме независно судство, слободни медиуми и одговорни политичари, изјави Димитров во Берлин.
Според Димитров, Македонија на овој начин не создава само перспектива, туку го затвора и македонското прашање.
Ние сме генерација која мора да го затвори прашањето кои сме и на кој јазик зборуваме и да ја отвориме перспективата за следите генерации. Ова го правиме без домашни и надворешни калкулации, туку каква Македонија сакаме од денес натаму, изјави Димитров.