
За актуелната политичка состојба во државата зборуваше на трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија-(ГДОМ), синоќа, во големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица говореше и Братислав Димитров.
Според него потпишаниот договор за надминување на политичката криза од страна на 4-те лидери на полититчките партии, за кој како гаранти се јавуваат амбасадорите на ЕУ и САД, само е предвесник за излез од наметнатата криза. Опозицијата, нагласува Димитров е една очајна група на луѓе која навистина не знае што прави.
-Во цел тој процес, премиерот Никола Груевски покажа голема рационалност и како и до сега го слушаше гласот на народот, со што јасно докажа кој е кој во Македонија. Секогаш кога ќе се јави некоја автентична, вистинска македонска опција, секогаш и од внатре и од надвор изложени сме на сите можни атаци, загрози, подметнувања и разни валкани игри, рече Димитров.