Министерот за надворешни работи Никола Димитров со апел до македонските граѓани да не патуваат на вечерашнава прес-конференција!
„Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир“, рече Димитров и уште еднаш повика:„Ве молам немојте да патувате“!
„Неизвесно е кога ќе може да се вратите. Непредвидлива е ситуацијата. Државите затвораат граници, аеродроми, авиокомпаниите откажуваат летови. Македонските државјани што имаат регулиран престој во други држави да не се упатуваат кон татковината. Има најава дека и ЕУ ќе ги затвори границите за сите несуштински патувања.“
„Граничниот режим на другите држави не зависи од нас“, рече Димитров и додаде: „Време е да седиме дома, да бидеме храбри да бидеме смирени“.
Потврди дека деновиве имало наши сограѓаните заглавени на аеродромите, а една група од 200 македонски граѓани со комуникација со Романија и Бугарија биле извлечени и утре би требало да се вратат дома. Но, министерот вели дека не можат да влијаат врз одлуките на другите земји и нивните одлуки на граничните премини.