Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, институција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својата безбедност“.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!?
Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.