Во рамки на средбите кои што ги остваруваат високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните низ Македонија, денеска Илија Димовски е во Пробиштип.
На овие средби, високите функционери на партијата во директна комуникација со граѓаните, собираат идеи и предлози кои ќе бидат дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.
-Oд Пробиштип и од околината, би истакнал дека Пробиштип во некои минати времиња, кога други луѓе, друг тим, раководеше, беше град кој што беше заборавен, град кој што беше зачмаан, град во кој што не се инвестираше ништо, град во кој што не се градеа улици, не се градеа водоводи, луѓето не работеа. Денеска е сосема различна ситуација. Денеска во градот се изградени огромен број на улици, се асфалтирани, се градат водоводни канализациски мрежи, општината силно инвестира во инфраструктурниот развој, но она што е најбитно покажавме дека и во еден таков помал град далеку во Источна Македонија може да се донесе странска инвестиција која што во полн ек се гради и очекуваме да продолжи со брзо темпо да се гради и да почне да вработува луѓе од населението кое што живее во Пробиштип, вели Димовски.
Додаде дека Владата на Република Македонија во минатиот период направи многу брз рестарт на рудникот чии претходни газди влегоа во долгови.
-Не можеа да го управуваат, но со заеднички напор на локалната самоуправа на Владата и на сите државни институции, се направи многу брз рестарт, многу брз трансфер на сопственоста и рудникот веќе врати на работа огромен број од вработените кои што претходно работеле, но тенденцијата еве и во овој период е да се зголемува бројот на вработени лица во рудникот. Бројот на вработени е драстично зголемен во Пробиштип споредено со некои минати времиња и тоа е тенденцијата која што сакаме како тим да продолжиме да работиме во идниот период. За нас е од високо значење инвестирањето и во инфраструктура, но и во привлекување на нови инвестиции во цела Источна Македонија, посебно во помалите градови во Источна Македонија, се со цел да помогнеме за вработување на граѓаните тука и за зголемување на животниот стандард. Граѓаните на Пробиштип како и граѓаните на цела Источна Македонија знаат дека ние ги исполнуваме нашите ветувања, она што сме го кажале во најголем процент, 90 проценти сме го исполниле, за разлика од нашите политички конкуренти кои што секогаш, на сите избори ветувале брда и планини, но никогаш не си стоеле на зборот. Затоа, приемот е одличен, граѓаните на Пробиштип како и граѓаните на цела Источна Македонија, сакаа да разговараат со луѓе кои што имаат визија за економски напредок, за нови фабрики, за нови работни места, а не сакаат воопшто да разговараат со политичари кои што имаат намера да ја редефинираат Република Македонија, да ја виткаат кичмата или да воведуваат двојазичност, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.