
Во продолжението на расправата на денешната собраниска седница, Илија Димовски побара од премиерот Заев да му одговори, дали министерот за финансии Драган Тевдовски е сменет зашто одбил да потпише заем за изградба на новиот клинички центар.
-Прво велите дека Тевдовски ќе ви биде советник, а денес тој вика чао аморе – рече Димовски, додавајќи дека оваа влада не може да испорача големи резултати бидејќи, според него, во преостанатите 10 месеци нема доволно време ниту да се изготви проектна документација и да се удри камен-темелник.
Премиерот Заев, пак, реагираше дека не е точно оти Тевдовски бил против изградба на нов клинички центар, туку, како што рече, тој се залагал за целосно нов комплекс на друга локација.