Нема да има датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија во март, нема потреба да се лаже народот, изјави во петокот пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во текот на собраниската расправа за предлог-законот за Јавното обвинителство порачувајќи дека странските амбасдори знаат кај кого и во кој град завршила лускузната торба „Луј Витон“ во која биле подигнати парите во случајот „Рекет“.
Димовски, исто така, рече дека на странските дипломати не само што им е важно да се донесе Законот за Јавно обвинителство, туку им било важно и начинот на кој ќе биде донесен самиот закон.
„Ви рекоа дека не е важно да се донесе законот, туку како ќе се донесе. Вие имате контакти со амбасадорите и знаете дека тие знаат сѐ. Особено за случајот ‘Рекет’, и тие, верувајте, знаат и каде завршила торбата ‘Луј Витон’ со парите и во кој град’, рече Димовски.
Повтори дека датум за почеток на преговори во март нема да има, потсетувајќи дека со половина од пратениците и претходно се олбожил оти датум немало да се додели ниту во октомври.
„Јас се обложив со сите вас дека во октомври нема да добиеме датум, и добив. Не дека јас го сакав тоа, туку поради тоа што е реалност. Ниту сега нема да добиеме преговори во март. Немојте да ја манипулирате јавноста со датумот. Една важна земја членка на ЕУ вели дека не е важно само да донесе, туку како ќе се донесе законот за ЈО“, рече Димовски.