
Иако не ги сакаа изборите, тие ќе се случат во Април! Тогаш ќе биде готово! Народот победува!. Ова го напиша на својот ФБ профил координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски.
Еврокомесарот Јоханес Хан синоќа истакна дека е договорено да има избори, без да прецизира кога тие ќе се одржат. Сепак тој нагласи дека е постигнат договор кој ќе значи напредок на Македонија.
– Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи – рече меѓу другото еврокомесарот.