Веќе подолго време целата јавност е сведок на фалсификатите, монтажите и лагите кои ги пласира СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Сите граѓани знаат дека СДСМ и Заев тоа го прават заради тоа што се во паника и очај. Во нивните постапки се гледа огромна омраза, гнев и страв. СДСМ не разбра дека луѓето бараат искрен однос, а не фалсификати, монтажи и лаги“ изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој презентираше докази со кои посочи дека тоа што заев го извадил како документ на неговата прес конференција е класичен фалсификат.
„Ова е изгледот на печатот кој стои на документот кој го презентираше Заев. Тој не е валиден печат уште од 2004 година. Во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ кој е доставен до Oсновниот суд Скопје 1 на 15.10.2004 година и кој е потврден од страна на Основниот суд со Решение од 02.11.2004 година, јасно и недвосмислено, во член 5 и член 6 е опишан новиот печат на партијата кој е многу различен од претходниот. Еве го и новиот печат, оној од 2004 година па до денес, видливо, за да може граѓаните да ја видат разликата. Значи, ВМРО-ДПМНЕ не го користи стариот печат и тој е неважечки и според одлуките на судот уште во 2004 година, бидејќи тој печат во време на расколот во партијата исчезна. Сепак на овој документ кој го презентираше СДСМ стои датум од 2006 година, цели две години после промена на печатот што самиот документ го прави фалсификат. Дополнително на тој документ стои измислен потпис“, истакна Димовси.
Запрепастен од „леснотијата со која Заев се одлучува да лаже, манипулира, да се служи со фалисфикати и монтажи“, Димовски го праша лидерот на СДСМ дали тој го фалсификувал овој докумет или документот го фалсификувале заедно со споменатиот осуден на 6 години затвор од страна на Врховниот суд, токму за фалсификување на документи, Загорец Тумбовски?
„Знаејќи го фактот дека Тумбовски Загорец е во бегство заради пресуда од Врховен суд за казна затвор од 6 години, го прашуваме Заев каде се крие осудениот, ако заедно со него го правеле фалсификатот или ако тој му дал ваков фалсификуван документ? Каква соработка има Зоран Заев со осудениот за фалсификување, даночно затајување и перење пари, Загорец Тумбовски? Како Заев се дрзна да презентира фалсификуван документ со неважечки печат и со измислен потпис? Ако Заев не го правел фалсификатот, кој го правел тоа и кој му го дал?, јавно праша Димовски.
Тој, нагласи и дека СДСМ сериозно подготвуваат сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори во недела.
„Ним им е јасно дека огромното мнозинство од граѓаните не ги поддржуваат. Но Зоран Заев и СДСМ не сакаат да го прифатат тоа. Впрочем, СДСМ се жали дека во првиот круг на изборите имало неправилности, но не поднесе ниту еден приговор до Државната изборна комисија или до било која државна институција, со што ја покажа својата лажлива приказна“, истакна Димовски кој доддае дека СДСМ сака да ја втурне земјава во голема политичка криза и во името на ВМРО-ДПМНЕ ги предупреди да не си подигруваат со иднината на државата, бидејќи граѓаните на Македонија нема да им го дозволат тоа.