Мандатот нема да биде продолжен. ВМРО-ДПМНЕ има став дека СЈО е политичка институција која во поглед на квалитет и било кој друг аспект не врши правна дејност туку има политичка улога. И друг да формира влада тој мандат нема да биде продолжен затоа што за тоа треба 2/3 мнозинство. Од ВМРО за тоа поддршка нема да има и тоа не е спорно. СЈО денеска е негативен пример. СЈО имаше потенцијал за да биде модел но таа шанса е пропуштена откако целата јавност виде дека станува збор за политичка, пристрасна и партизирана институција, вели Димовски.