Димовски: MОН нема основен план, а камоли резервен

Време имаше, но веќе нема. МОН како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките па затоа и такво ни е образованието, вели во разговор за Радио слободна Европа, Владо Димовски, од Центар за толеранција и доживотно учење.

Димовски смета дека сега, по мислењето и заклучокот на здравствената комисија „МОН треба веднаш, ама веднаш да понуди решение за да има барем колку-толку време да се направи некоја подготовка, инаку со вакво темпо на нудење решенија учебната година ќе започне во јануари 2021 година, а прашање е дали и тогаш“.

Димовски вели дека подготовките за почетокот на учебната 2020/21 требаше подготовките да започнат во месец мај кога веќе се знаеше дека одење по одмори надвор од Македонија ќе нема.

Наставниците работејќи од дома ќе имаа време да се подготват, а даваа разни предлози за подобрување на образованието, но кој нив ги есапи.

Според мене МОН нема основен план, а камоли резервен“ вели Димовски.