Димовски: Над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ секој ден одат по наместени судски процеси

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираше со професорот Љубомир Фрчковски.

Фрчковски кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ мора да се „свари“ некако владеењето на Груевски и дека од партијата не смеат да се прават како ништо да не се случило, а од друга страна Димовски врати дека по смената на власта над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат на наместени судски процеси од политички причини.

Фрчкоски: „Димоски, Не можеш да го искорениш владеењето на Груевски 11 години“.

Димовски: „1996 година учествував средношколски протести, имам документи дека сум следен од полицијата“.

Фрчковски: „Периодот на страшната диктатура мора да ја исчистите некако низ партијата. Поминавме жестока ситуација во тој период, и тоа да го зборувате нормално. Мора тоа да го „сварите“ тоа дека се случил еден мрачен период, и никогаш од левицата немало такво зло“

Димовски: „Професоре, над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат секој ден по наместени судски процеси. Во скоро секој град во Македонија има високи функционери кои одат на наместени судски процеси. Поради политички причини, но паѓаат предметите и допрва ќе паѓаат и мене ми е жал што ќе има штета државата. Јас прифаќам сум бил предмет на замерки кога сум го дискутирал тоа за слабостите на ВМРО-ДПМНЕ“.