Колега Васко, некој ќе дозволи ти да кажуваш кој ќе биде во затвор кој ќе биде на слобода, надевај се! Значи, ако си играте обвинителство немој да мислите дека овој народ ќе седи и немо ќе ве гледа како правите насилство во државата. Да се разбереме, во нормална демократија човек како вас кој што од позиција на претседател на општинска организација на СДСМ изгубил неколку избори нема да дојде во Собрание, туку ќе си седи во Битола, поради тоа што тогаш кога сте требале да добиете поддршка од граѓаните не сте ја добиле, но и кога сте биле кандидат за пратеник од нашите двајца кандидати сте изгубиле со огромна разлика. Кога ќе ги сретнете во ходник, треба добар ден да им речете, заради тоа што дупло ве победија“, со овие зборови координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја започна својата реплика кон пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски.
Илија Димовски во продолжение истакна дека СДСМ и понатаму продолжува со насилство и постојано, без никаков срам го навредува и омаловажува македонскиот народ само поради тоа што не мисли како СДСМ или не се согласува со нивната деструктивна политика, а од друга страна како што рече Димовски, неколкуте стотина активисти на СОРОС, СДСМ ги нарекува народ.
Наместо да научите, вие продолжувате со насилството. Си дозволувате народот кој што не е со вас да го навредувате, да го омаловажувате, да го нарекувате стока, да не му го вреднувате правото на глас, а оние неколку стотини луѓе кои што ги имаше по медиумите од прв до последен дека добивале пари за да одат на протести, тие биле народ. Смешно! Преку сто луѓе по список месечно добиваат надокнада од СОРОС. Тие биле народ?!, потенцираше Илија Димовски.
Тој потоа додаде дека гланиот финансиер на СДСМ и нивните протести се финансирани со пари од трговија со оружје со цел да се уништи и руши сопствената држава односно да се смени името и да се спроведе федерализација.
Па освен вашиот спонзор СОРОС, во Панама се најде ли некој друг документ? Каде е таа приказна од 5 милијарди? Парите со кои што вие се финансиратe, со кои што се финансираат вашите протести, се пари од трговија со оружје! Вас ви ги даваат за да ја рушите државата, за да се смени името, за да се направи федерализација на државата. Па тоа јавни ви го кажуваат! Со каков образ стоите вие во тој ред? Имаше пратеници од СДСМ кои што гласаа за територијална поделба на Македонија и предадоа два града, Кичево и Струга. Вас ќе ве доведат во ситуација да ја предадете целата држава“, додаде Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, Илија Димовски му посочи на Ковачевски од СДСМ дека за истата работа за која што тие го обвинуваат Талески, нивниот лидер и градоначалник на Струмица Зоран Заев, троши дупло повеќе народни пари за превоз на ученици.
Затоа кога го обвинувате Талески, бидете доблесен и чесен и кажете дека за истата работа за која што вие го обвинувате Владимир Талески, вашиот лидер троши два пати повеќе пари по ученик кој што се превезува. Два пати повеќе пари! Ако вие имате право да го нарекувате Талески криминалец, вашиот претседател Заев е дупли криминалец! , заврши Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.