Димовски: Скандалот со набавката на кинеските вакцини е пример за воено профитерство

Класичен пример за воено профитерство е начинот на кој премиерот Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче, се обиделе да набават 200.000 дози од кинеската вакцина против коронавирусот, оценува во средата Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класично воено профитерство. Уште по страшно е што го прават првите луѓе од владата. Монструозно е што Филипче за негов личен или нечиј друг профит, според пишаното, не само што го загрозува здравјето на граѓаните на Република Македонија, туку и директно продуцира нови заболени и нови смртни случаи.

Одамна знаеме дека души немате. И морал и етичност немате. Ама, барем малку сочувство кон луѓето кои живеат во Македонија да имавте?“, пишува Димовски на својот фејсбук профил

 

 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3995464903807944&id=100000334226602