Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, во изјава за МИА вели одлуката на Вишиот управен суд не наложува Живко Митревски да се врати на чело на ССМ, туку, според него, неговата жалба да се врати назад на разгледување во Второстепената комисија.
-Никаде во пресудата не пишува Живко Митревски да се врати како претседател на ССМ – истакна Димовски, најавувајќи дека утре дополнително ќе се обрати до јавноста.
Денеска, поранешниот претседател на ССМ Митревски изјави дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба, поради што тој очекува Централниот регистар да го впише како легитимен претседател на ССМ.