Гости во Собранието кои доаѓаат да ги посетат пратениците од опозицијата а кои работат во државни институции се ставени под посебна анализа, а станува збор за листи од оние што ги посетиле опозициските пратеници потоа се препраќаат во институции каде што работат, обвини во средата пратепникот ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Димовски ова обвинување го изнесе на собраниската седница, барајќи од собранискиот спикер Талат Џафери една минута процедурална забелешка и ветувајќи дека неговото обраќање нема да биде подолго од . Тој му од една минута.
Сакам само да ја информирам јавноста за една работа што се случува кога одредени граѓани остваруваат посета во канцеларии во Собранието и се задолжени да се пријават во пријавница. Има список кој дошол на средба со Димовски, со Тунтев, со Гаши, со Села. Она што е фрапантнои зачудувачко е што имаме потврда од институции каде дел од тие луѓе работат дека таквиот список од Собранието се препраќа во тие институции каде што работат дел од луѓето кои дошле на средба со пратеници кои не се дел од владејачкото мнозинство. Под посебна анализа се гостите кај Села, Гаши, Никола Попоски, Антонио Милошоски, кај мене и кај други пратеници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Не барам да се преземе нешто, го знам наравот и причините, желбите и мотивите за ова. Мојата цел беше да ја информирам македонската јавност за тоа каков тоталитарен систем постои во ова Собрание. Кој го одобрил, кој го спроведува, има медиуми нека истражуваат, рече Димовски.
На тоа Џафери рече дека Димовски ја злоупотребува собраниската говорница затоа што темата на процедуралното не се однесува на дневниот ред на собраниската седница. Му порача на опозицискиот пратеник, како што рече, да не ја дезинформира јавноста и доколку има какви и да се информации да ги пријави кај надлежните.
Собранието е дом на граѓаните и секој е добредојден но може да влезе внатре само врз база на соодветна процедура. Ова и лани го кажав. На сила е правилникот за внатрешен ред во Собранието донесен рпед неколку години. Укажувам уште еднаш до сите граѓани кои не работат во Собранието, без разлика каде работат и што работат, мора да има евиденција во Собранието кој влегува и каде оди, не за да се води некаква кампања, туку за да имаме сознанија кој влегува и кој излегува од Собранието, рече Џафери.