Подготвени сме за избори во кој било термин до април како што беше договорено и потпишано на 2-ри јуни. ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се базира и ги темели своите активности на поддршката од граѓаните.
Ова го изјави синоќа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет во Охрид.
Димовски истакна дека на седницата ќе бидат разгледани сите аспекти на политичката состојба во државата и оти ќе бидат донесени заклучоци за кои јавноста ќе биде дополнително информирана.
– Ние сме доведени до ситуација како држава, една партија која во континуитет губи на избори, да ја уценува целата држава и да предизвикува политичка криза со тоа надевајќи се дека без избори и поддршка од граѓаните ќе добие некои позиции за себе, за жал не водејќи сметка за најсуштинските интереси на граѓаните и на државата, рече тој.
Како што рече, со тоа се нанесува штета на угледот на државата на меѓународен, но и на економски план.
– Влегуваме во една фаза во која очигледно е дека СДСМ има намера и желба да го поништи договорот од 2-ри јуни потпишан меѓу партиите. Бараат начин како да ги блокираат сите обврски што ги преземале партиите, оцени Димовски