Димовски: Во Македонија треба да има и нов претседател на Собранието и нова Влада, но тоа не треба да биде со политичко насилство и со политичка измама

За жал, колегите од СДСМ се обидоа нас минатите денови да нé доведат во ситуација да
нé обвинуваат дека сме албанофоби, што е апсолутно неточно, ние низ дискусиите можевме да наброиме огромен број на проектите кои што ги имаме направено за Албанците, успеавме да потенцираме дека нема никаква основа ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за таква политика, рече Илија Димовски денеска во гостувањето во Телевизија Нова.

 

„Повторно ќе потенцирам дека одговорноста ја носат политичарите и било какви тенденции во иднина што би значеле едностранен концепт на терање на работите нема ништо добро да донесат за Република Македонија. Ние политичарите, ова го говорам за изминатите 25 години иако јас многу помал дел сум на таа сцена сме носеле многу решенија кој што требало да имаат лидерство, или решенија кои што не биле прифатливи за граѓаните или за дел од тие граѓани, но некако дојдовме до моментот кога граѓаните не го дозволуваат тоа, свеста е на многу повисоко ниво, разликоста во медиумите, социјалните мрежи се на повисоко ниво и луѓето многу лесно доаѓаат до информации и не сависи од никога дали ќе добијат информација и сега во таква ситуација се правиме при очи слепи и при уши глуви и да тераме по секоја цена она што сме го зацртале мислам дека е неодговорно и провокативно за жал“, рече Димовски.

 

Потенцираше дека во Македонија треба да има и нов претседател на Собранието и нова влада, но и едното и другото треба да бидат со аирлија, со разбирање и со прифаќање, а не треба да бидат со политичко насилство како што го видовме вчера и со политичка измама како што го гледаме изминатиов период.

 

„Проблемот околу формирање некакво мнозинство во парламентот е апсолутно сериозен и има неколку аспекти. Првиот аспект е дека се темели врз база на некакви платформи кои не беа презентирани на граѓаните на изборите, второ е тоа што губитникот на изборите блефира дека победил на изборите, трето дека мнозинството од македонските граѓани за прв пат во историјата на Македонија ќе бидат оставени во опозиција, односно гласачите ќе бидат исклучени и нема да бидат вклучени во носењето на клучните одлуки за Македонија“, потенцираше Димовски.