Полицијата вчера пронашла динамит кај двајца делчевци.
При претрес на триесет и шестгодишниот М.Ц. од Делчево полицијата пронашла цилиндрична прачка со жолтеникава боја, со должина од 20 сантиметри и дијаметар од 2 сантиметри, завиткан во восочна хартија.
Поради сомнение дека се работи за динамит, кој најчесто се користи во градежништвото, предметот е одземен и истиот е приведен во полициската станица во Делчево. Во момент кога е вршен прегледот на М.Ц., со него било и едно лице кое се дало во бегство. Истиот е пронајден и приведен, утврдено е дека се работи за К.К.(27) од Делчево – вработен во градежна фирма, кој претходно го набавил динамитот и му го дал на М.Ц.
Полицијата работи по целосното расветлување на случајот ќе поднесе против нив соодветна пријава.