Во натпревар, со шест погодоци, два промашени пенали, еден црвен картон и двомеч без победник на обата меча, Динамо Загреб успеа да избори пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите. Тимот чиј капитен е нашиот репрезентативец Аријан Адеми (стрелец на вториот погодокот) иако имаше предност од 0:3, на крајот оствари ново реми (3:3), кое сепак се покажа како доволно за пласман во следната фаза.
Норвежаните откако промашија пенал во осмата минута следеше ладен туш од Хрватите кои во временски период од пет минути направија предност од 0:3. Надежите на домаќинот се вратија откако во 43-та минута намалија на 3:1, а четири минути подоцна, во судиското продолежни од првото полувреме промашија нов удар од единаесет метри.
Конечно во 52-та минута Молде успеа во тоа што во првиот дел на два наврати не можеше, погоди од белата точка за намалување на негативата од 2:3. Во моменти кога домашниот тим остана со играч помалку заради црвениот картон, успеа да израмни на 3:3, но тоа беше се во поглед на конечниот резултат.
На останатите натпревари плеј оф место обезбедија и противникот на Вардар, Апоел кој го елиминираше тимот на Мидтјиланд, потоа Рапид Виена, кој успеа да слави во двомечот со фаворитот Ајакс, како и Монако, кој рутински славеше против Јанг Бојс.