
Дино Мерлин ќе го затвори овогодинешниот Пиво фест во Прилеп.
Тој ќе биде главна ѕвезда на фестивалот кој го собира Балканот во градот под Марковите кули секоја година. Ќе настапи на последниот ден на 19-ти јули.
Настапот кој го очекува публиката од сите генерации на Оливер Драгоевиќ ќе биде во саботата на 18-ти јули, пишува „Курир“.
Меѓу ѕвездите кои со сигурност ќе ја забавуваат публиката од 16-ти до 19-ти јули, како што дознава „Курир“, се и Неда Украден, групата Љубојна, Панчо од ДНК. Тие добија најголем број на гласови од публиката на која општина Прилеп и го даде ексклузивното право да ги избере изведувачите.