Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, потпретседател на партијата, за кратко време направија неколку исклучителни средби со водечките политичари од овој регион. Тие се сретнаа со премиерите на Унгарија, Словенија и Хрватска – Виктор Орбан, Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ.
Посетите доаѓаат во исклучително интересен и тежок период за Македонија, бидејќи Владата, односно премиерот Зоран Заев за шест месеци на успеа да оствари ниту една средба, а неговите „пријатели“ само го тапкаа по рамо дека ќе му помогнат во добивањето вакцини против коронавирусот, како помош.
Мицкоски и Николоски се сретнаа со премиери кои и порано на нивен повик и помогнаа на Македонија. Во текот на првиот бран од епидемијата на коронавирусот минатата 2020-та, токму по контактите кои ги оствари Мицкоски со Орбан и Јанша во Македонија стаса првата директна странска помош во медицински материјали, тогаш неопходни за да може да функционира здравствениот систем во земјата.
„Оваа дипломатска офанзива на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае и во периодот кој следува. Започнавме со Унгарија, Словенија и Хрватска, тоа што можам да го кажам е дека Македонија, македонскиот народ имаат пријатели и во премиерот на Унгарија Виктор Орбан и во премиерот на Словенија, Јанез Јанша и во премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Можам да кажам дека станува збор за исклучително силни пријатели на Македонија, тројца земји членки на Европска унија, коишто седат на таа маса каде што се одлучува иднината на Македонија во смисла на тоа дали и како ќе почнат преговорите за Македонија за членство во Европската унија“, потенцираше Мицкоски.
Додаде дека на средбите со тројцата премиери се разговарало за актучелните проблеми предизвикани од пандемијата, но и блокадата на Бугарија за Македонија.
„Така што заедно со нашите пријатели ги отворивме сите оние теми кои што не се актуелни само во Македонија, туку и во тие држави, најголем фокус беше економијата, здравствената состојба, политичката ситуација. Неизбежна тема беше проблемот кој го имаме со нашиот сосед Бугарија и сите погрешни политики на нашата влада. Од посетата можам да заклучам дека Македонија има пријатели и силна поддршка во трите држави кои ги посетив“, нагласи Мицкоски.
Николоски, кој исто така имаше интензивна агенда со претставници на меѓународната зедница во земјава, и во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, вели дека е искажана загриженост во најмалку два сектори, првиот, борба со организиран криминал и корупција и воопшто бладеење на право и вториот, реформи во јавна админситрација, и како трет за што е загрижен и секој граѓанин тоа е еконмијата.
Николски укажа на важноста на посетата на Словенија која е следна земја претседавач со ЕУ, како и на посетата на Унгарија, земја од која доаѓа комесарот за проширување на ЕУ, како и на тоа дека Унгарија е дел од Вишеградската четворка од која Унгарија е дел заедно со Полска, Словачка и Чешка, земји чии политики се многу наклонети кон Македонија.
Очигледно е дека челниците на ВМРО-ДПМНЕ покрај политичките контакти остваруваат и лични пријателства кои се многу важни во сензибилни моменти, како што истканавме претходно.
-Прво јас не можам да се сетам дека било кој претставник на СДСМ додека беа во опозиција се видел со премиер на било која земја членка на ЕУ. Немаше таков пример што значи дека нивото е многу различно, многу повисоко ниво е ВМРО-ДПМНЕ што се среќава со претставници на ЕУ односно се среќава со првите луѓе на државите во кои што одиме.
Второ ќе ја потсетам јавноста дека кога СДСМ остваруваше средби дека тоа беше едно класично кодошење на штета на државата, на пример Македонија зема многу поскапи кредити само заради тоа што тогашните функционери на СДСМ пишуваа писми до банките од каде што Македонија требаше да обезбеди средства за сопствениот буџет. И трета работа луѓето со кои што се гледаме се први луѓе на нивните држави и верувајте се исклучително добро информирани имаат и свои амбасади нормално тука и знаат и повеќе од што ќе им кажете, истакнува Николоски.
Ајде да речеме дека корона-кризата до некаде влијаеше на меѓународната активност на Заев. Но повеќе е отсуство агилност и недостаток на идеја и пријателства. Слепата убеденост дека некој друг ќе го одработи неговото не доведува до многу искушенија и сервилност.
-Секоја посета, секој меѓународен контакт и добиена поддршка за нашите позции се добредојдени, посебно по шокот кој ни се случи со бугарското вето за почетокот на нашите пристани преговори за членство во ЕУ. Во таа смисла, поддршката која лидерот и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја доби во текот на средбите со тројцата премиери на Унгарија, Словенија и на Хрватска е многу значајна. Иако се работи за земји кои се докажано пријателски настороени кон Македонија добро е преку ваквите средби прашањето на бугарското вето да се држи постојано активно. Да имаше таквата активност многу порано од страна на актуелните државни раководители многу порано, сигурно е дека проблемот кој ни го предизвика бугарското вето немаше да има такви димензии. Односно, да имаше повеќе контакти со земјите – членки и со раководството на ЕУ, да се обезбедеше поддршката за македонските позиции, тогаш е прашање дали Бугарија ќе се решеше на сите чекори кои ги направи во изминативе месеци, вели иксусниот политички новинар Бранко Ѓоргевски.
Политичиот аналитичар и долгогидшен новинар и поранешен дописник од Словенија, Тодор Пендаров, посетите на Мицкоски и Николоски го смета за партиски кои се во духот на народните и конзервативни партии на Европа, иако се сретнале со премиери, тие служат за билдање на партискиот рејтинг. Тој потенцира дека Заев и не можел да оствари многу средби поради пандемијата, истакнувајќи дека сите состаноци се одвивале виртуелно. Но, смета дека тој е најнеспособниот премиер што го имала Македонија.
– Ако сакаме да одиме напред, имаме еден проблем што треба да го решиме, а тоа е проблемот со Бугарија, односно да се откажеме од нашиот идентитет. За такво нешто сум против. Клучот на нашиот пат кон ЕУ е Преспанскиот договор, кој апсолутно го поддржувам. Уште од порано, преку контактите со влијателни дипломати, ми беше речено дека не може да се надеваме да го употребуваме името Република Македонија кога го прифативме привременото име Поранешна југословенска република Македонија.
За жал, во моментов го имаме најнеспособниот премиер, Зоран Заев, кој секој ден е контрадикторен со своите изјави, како денешната за вакцините дека Србија ја добила наклоноста на Русија и Кина оти не е членка на НАТО. А Дубаи (ОАЕ) е од екс-комунистичките држави што користи руска вакцина.
Ќе констатирам, или не не бива или не сакаме да не биде, вели Пендаров.
За да се види какво значење има турнејата на Мицкоски во Унгарија, Словенија и Хрватска треба да се спореди какви дипломатски турнеи и средби остварил неговот главен политички ривал премиерот Зоран Заев во последно време, вели новнарот Горан Момировски.
Тој истакнува оти навистина не се сеќава дека по аферата Рекет Заев бил во официјална билатерална средба со некој важен премиер или претседател од земја членка на НАТО и ЕУ при што го исклучувам Борисов или други соседи со кои се среќава за гаснење на пожари или за конкретни прашања кои бараат интервенција.
-Состанокот со лидерите на земјите членки на НАТО при приемот на земјава во алијансата не треба да се смета во оваа агенда затоа што таму се работи за протокол според кој секој премиер на земите членки треба да биде присутен но Заев тогаш немаше билатерални официјални средби.
Средбите на Мицкоски со Орбан, Јанша и Пленковиќ во секој случај се 300 % повеќе од тие што Заев ги имал оваа година што го отвара прашањето за меѓународна изолација на шефот на македонската влада.
Колку позицијата на премиерот во овој однос е сложена покажува и оставката на естонскиот премиер за кого Заев го спомена како добар пријател кој што ќе му помогне со дигитализацијата на Македонија.
Од таа изјава поминаа 3-4 месеци а ние не гледаме никакво поместување во дигитализацијата која мора да биде приоритет“, нагласува Момировски.
Во секој случај пријателствата се битни, ќе рече тој, затоа добро е кога тие се користат, без разлика дали почнуваат на партиско ниво. Сепак, секоја дипломатија бара активности и одлучности, во спротивно, пак ќе чекаме, а во таква ситуација,кога другиоте одлучуваат за нас имаме губитничка позиција.