Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи состојбата со временските прилики во Република Македонија и доколку има потреба подготвена е да ги ангажира сопствените сили, материјално-технички средства и опрема за отстранување на опасностите и последиците кои би се појавиле при евентуални снежни врнежи од поголем обем.
Во текот на денешниот ден Дирекцијата за заштита и спасување ги презема следните активности:
-На потегот Бошков Мост-Лазарополе: ангажирана е 1 градежна машина и се користи теренското возило на подрачното одделение за заштита и спасување Дебар
-На подрачје на општина Зелениково ДЗС се активира со 1 градежна машина
-На територија на Кичево-Стража ангажирана е 1 градежна машина
-Во општина Кичево се ангажирани 2 градежни машини
-Во областа Климентица-Подмоље, Охрид ангажирана е 1 градежна машина
-На територија Кичево-Охрид ангажирана е 1 градежна машина
-На територија Стража-Кичево ангажирана е 1 градежна машина
Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен, ангажирана за справување со настанатата ситуација која ја зафати државата.