Оваа пролет ќе започнат директни летови од Софија до Њујорк и Чикаго. Ова го соопшти авиокомпанијата BH Air за бугарскиот весник “24 часа”.
За месец и половина ќе биде готов проектот за продажба на билети и во почетокот на есента ќе се направи официјалната понуда за патниците за резервација на билети.
Најголемиот авион А 330-200, со кој ќе се прелета океанот без средно слетување, долета во Софија пред една недела и направи тест лет над градот. Тој е со 24 бизнис седишта и 242 седишта од економска класа. Авионот А 330-200 во моментов е на аеродромот во Софија, а во авиокомпанијата започна тренинг програма, која вклучува обука на пилоти, инженери, хостеси и кетеринг.
“Веќе се добиени, условно кажано, околу 99% од дозволите за летови до САД, остануваат некои технички детали поврзани со безбедноста”, изјави за “24 часа” извршниот директор на BH Air Јанко Иванов.