Директор на ЈП меѓу уапсените за педофилија во Србија

Во обемната полициска акција „Армагедон“ во Србија уапсен е директорот на јавно претпријатие од Велико Градиште, С.В.(62), поради сомнение дека на социјалните мрежи демнел малолетници и ги намамувал на состаноци.

Акција „Армагедон“ во која заедно учествуваа членовите на МВР на Србија, Одделот за сузбивање на високотехнолошки криминал и ПС Смедеревска Паланка, во соработка со Специјалното обвинителство за ВТК на Вишото јавно обвинителство во Белград, покрај него, уапси уште 11 криминалци.

Осомничените се товарат дека сториле кривично дело прибавување, прикажување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија и сексуално вознемирување.

Жителите на Велико Градиште се шокирани од неговото апсење.

– Директорот, како што знаеме, беше нормален, фин и културен човек, а сега сме најблаго кажано шокирани од она за што го обвинуваат. Не знаевме дека зад тоа тажно лице, кое неколку години тагува за загубата на синот, кој почина, се регрутираат деца за педофилија – вели еден од жителите на Велики Градиште.

Како што соопшти вчера Министерството за внатрешни работи на Србија, постои сомневање дека уапсените подолг период преземале, складирале на нивните уреди и споделувале содржини создадени со искористување на малолетници во порнографски цели преку Интернет, како и преку социјалните мрежи и мобилните апликации, стапиле во контакт со малолетници на кои им ги покажувале и од нив добивале содржина создадена за искористување на деца за порнографија.

– Постојат сомнежи дека договорале и оствариле средба со малолетници со цел да стапат во сексуални односи – пишува во соопштението на МВР на Србија.