![dir](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/dir.jpg?resize=640%2C523&ssl=1)
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, открива скандал со кој се соочил при денешната теренска посета на Чешиново Облешево.
Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:
Со видеото (за жал без тон) во прилог сакам да ја информирам и запознаам јавноста со какви кадри располага и владее СДСМ.
Имено при денешната посета на Чешиново-Облешево на која заедно со земјоделците разговаравме околу сериозниот проблем со наводнувањето на оризовите полиња, ни се “придружи” и Директорот на Водостопанство брегалница Дени Митров, дојден со намера да направи конфликт, и на дрзок и безобразен начин почна да ги напаѓа присутните земјоделци со зборовите :
– Не ви доаѓа памет! Малку ви е ова! Ги нарече манипулатори и лажговци…