Во рамките на новиот Проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“, директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим на ФЗОМ , денес го поминаа поголемиот дел од работниот ден со вработените и со осигурениците во Подрачната служба –Битола.
Во рамките на посетата на Битола, директорите на ФЗОМ ја посетија и новоотворената аптекарска станица во битолското село Могила.