Директорката на Здравко Цветковски за ревизијата на Град Скопје потрошила 41.000 денари за кафиња, сокови и сендвичи, а за рекламирање на фејсбук 60.000 денари, вели Ангелова

Емилија Ангелова, советничка во Советот на Град Скопје на денешната седница вели дека директорката на средното училиште Здравко Цветковски во време на пандемија потрошила 41.000 денари за кафе, сокови и сендвичи за ревизијата од Град Скопје, како и дека потрошила 1.000 евра за рекламирање на социјалната мрежа фејсбук за промоција на дуалното образование.

Јас ќе се надоврзам на колегите советници за училиштето Здравко Цветковски, неодамна на советничко прашање побарав до директорката да ми одговори, но одговори на едно прашање, на второто нема воопшто одговор, веројатно зошто и воопшто не поседува согласност за одржување на онлајн настава што впрочем реков и минатиот совет дека го исполнува член 93 од закон за средно образование за нејзино разрешување. Во еден дел директорката дава погрешна слика за финансискиот извештај за нејзиното работење заради тоа што користи конта за префрлање на пари од репрезентација, и тоа од контото за репрезентација за набавка на учебници, а доколку не е информирана директорката 485 е контото на кое што може да набавува учебници. Исто така 426 е контото кое што може да го користи за саксиски цвеќиња и се останато, но она повторно користи за репрезентација. И единственото кое што е навистина е репрезентација е кетеринг услуга по повод патрон празник, ручек за група од 23 наставници и ученици и за потребите на денот на упис, тестирање за ученици, тестатори за државна матура, ревизија на град Скопје и други тековни потреби, потрошени пари за кафе, сокови, сендвичи и слично. Навистина ме интересира дали директорката во време на пандемија славела патрон празник и како го славела, и дали овие 23 наставници заминале на екскурзија односно на ручек во време на пандемија, рече таа.

Исто така за ревизија на Град Скопје за кафиња сокови, сендвичи и слично се потрошени 41.000 денари. Па дали со кафињата и соковите се обидувала директорката да добие позитивен ревизиски извештај, нависитина не знам. За промоција на дуално образование, а по налог на МОН замислете реализирано е рекламирање на социјалната мрежа фејбук со вредност од 60.000 денари, какво е оваа рекламирање за 1.000 евра и како се исплатени, праша Ангелова.

Ангелова додаде дека директорката на Здравко Цветковски и покрај уредбата сите органи на државната управа, јавни претпријатија и училишта итн и сите други институции од јавен карактер да ги поништат доколку имаат и да не објавуваат нови набавки за мебел, опрема и возила на училиштето, истата спровела три големи набавки.

Имаме сознанија дека раководството на училиштето за реализација на наставата, спротивно на закон се дозволило во една испитна сесија кандидат да полага повеќе од три испита, и ревизискиот извештај покажува дека се користени над законски утврден лимит средства за јавни набавки дека се избираат фирми со банкарски гаранции кои што се истечени, а не се побарале нови за продолжување, односно банкарска гаранција со важност до 27 јануари, а налог за работа во месец втори издаден. Понатаму и покрај уредбата на Република Македонија со број 4041-17/33 од 2 април 2020 година со која што се задолжуваат сите органи на државната управа, јавни претпријатија и училишта итн и сите други институции од јавен карактер да ги поништат доколку имаат и да не објавуваат нови набавки за мебел, опрема и возила на училиштето, она спровела три големи набавки и тоа за клима уреди во вредност од 401.000 денари, врати во вредност од 518.000 денари, и училишен мебел во вредност од 742.000 денари во 2020 година, а во 2019 година се потрошени 904.000 денари повторно за училишен мебел, рече Ангелова.